0 0
БОРОВ СИРУП- ДОМАШЕН РЕЦЕПТ !

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Ingredients

400 грама Борови Иглици млади
1 килограм Шеќер/Мед

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

БОРОВ СИРУП- ДОМАШЕН РЕЦЕПТ !

Лек за зајакнување на имунитетот

Features:

    Природен лек за респираторни проблеми

    • Easy

    Ingredients

    Directions

    Share

    Еден од најздравите сирупи со магичен мирис и вкус, заслужува да ги замени сите сирупи и лекови кои ги имате дома за кашлица и респираторни проблеми.  Го зајакнува имунитетот, изобилува со витамин Ц, ја чисти и разубавува кожата, богат е со витамин А, а со тоа е и одличен за вашата коса, помага за многу алергии, го подобрува расположението и е вистински природен воздух кој го дишеме. Одличен е за депресија, го забавува стареењето, богат е со антиоксиданси и спречува појава на многу болести.

    Ова се само дел од бенефитите кои овој сируп ги има, затоа вреди да го имате во вашиот дом.

    Подготовката е лесна и брза, и со малку труд и прошетка во природа може да си обезбедите природен лек.

    Сите детели за подготовка се во продолжение.

    На делот каде пишува состојки кликнете за да ги отворите состојките, во случај да имате поголема или помала количина со кликање на плус и минус може да ја менувате количината на состојките.

    Погледнете го краткото видео од подготовка на сирупот.

     

    Steps

    1
    Done

    Подготовка

    За подготовка на овој сируп се потребни млади борови иглици кои се собираат на почетокот на месец мај.
    Може да собирате иглици од бор, елка или смрека. Овие иглици растат на врвовите со посветла зелена боја и изобилуваат со смола, која ќе ја почувствувате уште додека ги берете.
    За подготовка на една тегла ви се доволни 400 грама борови иглици, во зависност од кое дрво ги берете може да имаат различна тежина. Откако ќе наберете доволно иглици, измијте ги убаво под млаз ладна вода, протресете ги од вишокот вода и оставете ги на кујнска хартија или крпа да се исушат од водата.
    Најдобро е да ги оставите навечер преку ноќ да се исушат и да ги подготвите наредниот ден.
    Во чиста тегла ставете мала количина шеќер/мед за да се прелие дното на теглата и потоа додадете една рака од иглиците врз нив. Врз нив додадете повторно шеќер/мед, и така се додека да ја наполните теглата.
    На крајот завршете со шеќер/мед за убаво да се прелијат иглиците и затворете ја теглата.
    Оставете ја теглата да стои до прозор на сончева светлина, бидејќи така шеќерот побрзо природно се растопува.
    На иглиците сончевата светлина им помага да ги испуштат соковите убаво и со стоењето да формираат убава густина, вкус и арома.
    Потребно е теглата да стои на сонце 40 дена со повремено протресување, но не и отворање.
    По изминатиот период, процедете го сирупот преку газа.
    Сирупот нема рок на траење, и може да се конзумира по две до три лажички дневно, како лек, засладувач и слично.
    На здравје!
    Доколку ви се допадне, ставете лајк или споделете!

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Creamy Velvety Vanilla Liqueur with eggs and milk!
    next
    PINE SYRUP-TRADITIONAL RECIPE !
    previous
    Creamy Velvety Vanilla Liqueur with eggs and milk!
    next
    PINE SYRUP-TRADITIONAL RECIPE !

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here