Ingredients
-
1кг Телешко Месо
-
500 грама Лазањасвежи кори
-
150 мл Црвено Вино
-
500 мл Доматен сос
-
1 главица Кромидсредна големина
-
Зачиниловоров, лист, босилок, мајчина душица
-
сол и пипер
-
250 мл Млекоза бешамел сосот
-
2 лажици брашноза бешамел
-
25 грама Путерза бешамел
-
мускатно оревчеза бешамел
-
сирењеПармиџано, Моцарела(бафало), Проволине
-
Directions
Домашно приготвен болоњезе сос и лазања, зарем може некој да им одолее. Ако додадете и малку црвено вино во сосот ќе му дадете уште поубав шмек кој одлично ќе се вклопи со останатите зачини и соковите кои ќе ги испушти телешкото месо.
Сосот за да навистина ви биде вкусен потребно е да го варите на средна-умерена температура најмалку еден час. Бешамел сосот може да го направите дома од само неколку едноставни состојки, а освен корите и филот, користите и микс од две до три сирења.
При подготовка и редење на корите започнете со болоњезе сос на дното, па потоа лазања, пак болоњезе сос, прекријте со бешамел сос и покријте со сирење. Од сирења најдобро е да користите Пармиџано, Мозарела(Бафало) и Проволине, направете микс од овие три сирења ако можете да ги најдете или користете само моцарела и Пармезан.
Најдобро е лазањата да ја правите во три слоеви или најмногу до пет слоеви во зависност од тавата што ја користите, и на крајот секогаш завршете со бешамел сос и доматен сос.
Рендан пармезан може да додадете на крајот откако ќе ја испечете лазањата, доколку сакате може пармезанот да го додадете пред печење, но тогаш е потребно да ја покриете лазањата со кујнска хартија и да ја отстраните на крајот и така открииена да ја печете уште 5 минути.
Најдобрата ласања е со свежи кори, но доколку немате најдобро е да ги сварите претходно, бидејќи печењето е 15 минути и не повеќе од 20 минути. Користете свежо мелено телешко месо, и доматен сос без додатоци и зачини. Во последните постови и рецепти може да го побарате рецептот како да подготвите доматен сос кој е 100% природен, истиот можете да го пастеризирате и да го користите во текот на целата година по потреба.
Steps
1
Done
1 час
|
Болоњезе Сос и Бешамел СосЗапочнете со подготовка на Болоњезе сосот. |
2
Done
20 Минути
|
Подготовка на ЛазањаВо тава на дното ставете од болоњезе сосот, малку колку да ја покриете површината, па наредете од лазањите. Вкусот на лазањата најмногу зависи од тоа какви лазањи ќе користите, најдобро е ако можете да најдете свежи лазањи или домашно приготвени само од јајце и брашно, но избегнувајте ги тврдите лазањи во пакувања бидејќи тие ќе и дадат на лазањата поинаков вкус. Доколку тие ви се единствена опција тогаш сварете ги да омекнат пред да ги користите. Врз корите лазања нанесете убав слој од болоњезе сосот, потоа додадете бешамел сос, и завршете со сирењата. Може да користите сирења по избор или од тие кои погоре ви ги споменав за автентичен и оригинален вкус. |