• Home
  • Dinner
  • БЕШАМЕЛ СОС! Како да Направите од 2 состојки!
0 0
БЕШАМЕЛ СОС! Како да Направите од 2 состојки!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

БЕШАМЕЛ СОС! Како да Направите од 2 состојки!

  • Medium

Directions

Share

Кремаст Бешамел Сос или познат како мајка на сосовите може лесно и едноставно да го подготвите дома од две основни состојки, и по желба да му додадете дополнителни вкусови.

Предноста на домашно приготвениот бешамел е што нема конзерванси, а по желба може да развиете вкус баш како вие што сакате.

Доколку се одлучите за едноставен сос доволно е да додадете мускатно оревче и малку сол.

Ако подготвувате паста на крајот во сосот може да додадете рендан пармезан, или да ја збогатите пастата со печурки.

Она што е важно за овој сос е кремавоста и убавата густината, и затоа е доволно само една лажица брашно. Доколку додадете повеќе или малку млеко, или предолго го вриете ќе биде премногу густ.

На што да внимавате и како да го подготвите овој вкусен сос?

Состојки

1 шоља млеко

1 лажица брашно

мускатно оревче

Во неколку лажици маслиново масло додадете една лажица брашно и на тивок оган кратко пропржете го, притоа постојано мешајте и внимавајте да не ви потемни и загори брашното. Потоа додадете една шоља млеко и мешајте постојано за да не ви се направат грутчиња од брашното. Кога малку ќе се згусти тргнете од оган и додадете мускатно оревче и сол по вкус. Имајте на ум дека со ладење сосот ќе згусне повеќе. Во случај да не ви се допадне густината додадете повеќе млеко и кратко вратете го на оган. После неколку правења точно ќе ја знаете густината која најмногу ќе ви се допадне. На крајот може да додадете и рендан пармезан.

При подготовка на паста може да започнете со пржење на свежи печурки со зачини, и во истата тава да го подготвите сосот. Во подготвениот сос додадете ја варената паста, измешајте ги вкусовите и послужете.

Изрендајте прамезан и поросете со сецкан магдонос.

Наздравете со чаша бело вино!

 

Olgica

Recipe Reviews

There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
previous
CHOCOLATE MAGNUM- Homemade ICE-CREAM !
next
Creamy BÉCHAMEL! How to make, only 2 Ingredients!
previous
CHOCOLATE MAGNUM- Homemade ICE-CREAM !
next
Creamy BÉCHAMEL! How to make, only 2 Ingredients!

Add Your Comment

Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here