0 0
Басмати Ориз со Боранија и Јунешко!

Share it on your social network:

Or you can just copy and share this url

Bookmark this recipe

You need to login or register to bookmark/favorite this content.

Басмати Ориз со Боранија и Јунешко!

Features:
    • Medium

    Directions

    Share

    Дали сте за здрава и нутритивна порција богата со протеини и зеленчук, надополнета со ориз на сириски начин? Овој комплетен и здрав оброк инспириран од медитеранот ќе ве засити благодарение на тоа што изобилува со многу нутритивни вредности кои му се потребни на целиот организам.

    Подготовката на оризот е едноставна и брза, а најдобро е да користите басмати ориз. Подготовката на ориз на сириски начин е уникатна бидејќи во составот вклучува фиде, а за да биде воздушест оризот и зрното цело потребна е доволна количина на вода и да обрнете внимание на некои детали во спремањето.

    Целосната подготовка на ориз на сириски начин може да ја побарте во посебен пост на страната.

    За подготовка на овој оброк ви е потребна боранија по избор, зелена или жолта, телешко или јунешко месо кое најдобро е да биде тенко сецкано на мали парчиња, доматен сос и зачини.

    Се подготвува брзо и лесно без да ви одзема многу време.

    Започнете со подготовка на сосот од месо и боранија, а оризот подгответе го на крај.

    Состојки за Сосот

    500 грама месо (јунешко/телешко, тенко сецкано на мали парчиња)

    300 грама боранија (замрзната)

    150 грама доматен сос

    зачини по вкус (мелен бибер, црвена пиперка, кари, куркума, ловоров лист)

    маслиново масло

    4 чешниња лук

    1/2 главица кромид

     

    Исецкајте го ситно кромидот и на тивок оган испржете го додека да омекне и стане проѕирен. Потоа додадете го исецканото лукче и кратко испржете го. Во нив додадете го текно сецканото месо во мали парчиња и убаво испржете го заедно со зачините по вкус.

    На крајот додадете ја боранијата, додадете го доматниот сос и вода (350мл).

    Оставете вака да се вари сосот најмалку половина час, откако ќе добиете убав и погуст сос тргнете од оган.

    Покријте го сосот и на крајот подгответе го оризот.

    За оризот користете басмати ориз и вода во сооднос 1 спрема 2.

    Повеќе детали погледнете во постот за подготовка на ориз на сириски начин.

     

    Сервирајте во поголема чинија со оризот во средината, а сосот убаво распоредете го од страна.

    Имајте добар апетит и уживајте во вкусниот нутритивен оброк!

     

    Olgica

    Recipe Reviews

    There are no reviews for this recipe yet, use a form below to write your review
    previous
    Opera Cake Recipe! The Queen of Cakes!
    next
    Beef with basmati rice & green beans! Whole Nutritious dish!
    previous
    Opera Cake Recipe! The Queen of Cakes!
    next
    Beef with basmati rice & green beans! Whole Nutritious dish!

    Add Your Comment

    Site is using a trial version of the theme. Please enter your purchase code in theme settings to activate it or purchase this wordpress theme here