Directions

🌼 Полен – Извор на Живот
Веќе со векови, пчелиниот полен е ценет како едно од најмоќните природни супернамирници.
Познат е по својот виталитет, лековити својства и хранливост — вистински подарок од природата кој ја поддржува енергијата, здравјето и целокупната благосостојба.
Дали знаевте дека за 1 килограм полен се потребни околу 10.000 пчели?
Ова златно зрно крие неверојатна хранлива моќ.

🌟 Што го прави суровиот полен толку посебен?
- Секое зрно полен има тврд надворешен омот, сличен на ореова лушпа, кој мора да се омекне или „пукне“ за да се ослободи целата хранлива вредност.
- Желудoчната киселина не може целосно да го раствори суровиот полен, па затоа е важна правилната подготовка.
- За најдобар квалитет и свежина, поленот е најдобро да се чува во стаклена тегла во фрижидер.
✨ Здравствени придобивки од полен
- Го зајакнува имуниот систем
- Помага при брзо опоравување кај спортисти
- Дејствува како природен афродизијак
- Ја подобрува мозочната активност и циркулацијата
- Ја унапредува состојбата на кожата

🍯 Полен во мед
Кога е измешан со мед, поленот има потреба од околу две недели за целосно да омекне и да ги ослободи своите хранливи состојки.
📊 Хранлива вредност (на 100 грама)
- 35–40% јаглехидрати
- 20–30% протеини
- 22% аминокиселини
- 29 минерали
- 50+ ензими

🍽 Најдобри начини за употреба
- Консумирајте го наутро на празен стомак за максимална апсорпција.
- Може да се раствори во млечнокиселински продукти, како што се:
- Нискомаслен јогурт
- Полномаслен јогурт
- 1 лажица мед

Како да го подготвите?
Доволни се само неколку минути во млечнокисел медиум за поленот да омекне и да се „отвори“.
Кога ќе стане мек и ќе остави видливи траги, е совршен за јадење.
Прекрасно се комбинира со:
- Свежо овошје
- Смутија
- Јогурт оброци наутро

💛 Препорачана дневна доза
- Возрасни: 2 лажици (околу 20 грама)
- Деца: околу 5 грама
🍯 Полен во мед – подготовка
За најдобар резултат, оставете го суровиот полен во мед 2–3 недели пред употреба.
На 1 килограм мед се додаваат 200–300 грама полен.









