РАЗМИСЛУВАЈ СО ВКУС

26,00 

Категорија

Опис

Добредојдовте во светот на вкусовите!

„Размислувај со вкус“ е внимателно дизајниран e-book со премиум визуелен изглед. Внатре ќе најдете ексклузивни авторски рецепти — создадени и проверени со години личен труд, професионални авторски фотографии и идеи што инспирираат не само за готвење, туку и за создавање сопствени проекти со вкус и стил.

Колекцијата се состои од четири поглавја:
Утрински вкусови • Живописни салати • Лажица полна среќа • Од Италија до Арабија — кои ќе те поведат на незаборавно кулинарско патување.

Платформата Olgica Naceva Kitchen постои од 2019 година и денес претставува богата ризница на кулинарска инспирација. На оваа страница може да разгледате 420+ бесплатни рецепти, достапни на македонски и англиски јазик, и дополнително да се инспирирате од уникатноста и креативниот пристап.

„Размислувај со вкус“ e e-book наменет за сериозни љубители на вкусот кои ја ценат ексклузивноста, квалитетот и авторскиот труд. Не е за масовна продажба. Ако барате брз PDF или евтини рецепти — ова не е за вас. Но ако сакате исклучителна содржина, визија и вистинска инспирација, тогаш сте на вистинското место.

Овие рецепти не се само за готвење, туку за создавање — со визија, вкус и цел.

Содржината е наменета за лична и инспиративна употреба. Комерцијална репродукција без дозвола не е дозволена.

Купи сега – 26 €
По купувањето добивате директен download линк во Pdf кој може да го симнете на вашиот мобилен, компјутер или таблет, и може веднаш да започнете со вашиот вкусен проект.

Ви благодарам што сте дел од ова заедничко патување — од срце 🤍